Добродојдовте на сајтот на Стоматолошка kомора
Стоматолошката комора на Македонија е независна, непартиска и непрофитна организација на докторите на стоматологија кои вршат професионална дејност, без разлика на полот, националноста и вероисповеста здружени заради заштита и унапредување на стручноста, етичките должности и права, подобрување на квалитетот на стоматолошката здравствена заштита, следење на односот на здравствените работници кон општеството и граѓаните, како и заради аштита на интересите на стоматолошката професија. Комората ги застапува и заштитува интересите на сите доктори на стоматологија кои се нејзини членови и доброволно пристапиле во неа и се грижи за угледот и дисциплината во вршењето на стоматолошката професија, независно каде ја обавуваат својата дејност.
СИМПОЗИУМ СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
Местото на одржување на Симпозиумот е во Струмица на ден 07 Април 2012, во ресторанот Сонце, Колешино означено на мапата
ИНФОРМАЦИЈА - 29.03.2012
Одговор за доставени забелешки од страна на Стоматолошката комора на Македонија
СКМ Информација
СИМПОЗИУМ
СТОМАТОЛОШКО ДРУШТВО НА АЛБАНЦИТЕ АПОЛОНИЈА - ГОСТИВАР 18.03.2012
Покана за семинарот на стоматолошкото друштво на албаниците
Ftesë për seminarin e shoqërisë stomatologjike shqiptare
СООПШТЕНИЕ
Почитувани колеги,
За да се изврши ажурирање на бодовите стекнати од континуираната стоматолошка едукација Ве молиме копиите од сертификатите за 2011 и од уплатницата за платена членарина за 2011 година да ги доставите до претседателите на регионалните одбори на Стоматолошката комора на Македонија најдоцна до крајот на март 2012 година.
Ви благодариме.
СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ - СИМПОЗИУМ-СТРУМИЦА 07.04.2012
Третманот на пародонталната болест, цел на оралното здравје во новиот милениум
МАКЕДОНСКО СТОМАТОЛОШКО ДРУШТВО, 6ти КОНГРЕС СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО - ОХРИД 24-27 МАЈ 2012
ХОТЕЛ ИНЕКС ГОРИЦА
ЗДРУЖЕНИЕ НА ОРТОДОНТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА - ВТОР КОНГРЕС СО ИНТЕРНАЦИОНАЛНО УЧЕСТВО - 17-20 МАЈ 2012 - СКОПЈЕ
КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР БОРИС ТРАЈКОВСКИ
Почитувани колеги,
На web-страната на Фондот за здравствено осигурување
http://www.fzo.org.mk се објавени финалните теркови на анекс-договорите и договорите за 2012 година коишто однесуваат на стоматолошките здравствени ординации и ФЗОМ.
СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ ОД ЗДРУЖЕНИЈАТА НА СТОМАТОЛОЗИ ПО ОДНОС ДОПИС ДО ФЗОМ
Македонското Стоматолошко Друштво, Стоматолошкото Друштво на Албанците и Стоматолошкото здружение на Македонија врз основа на извршените анализи за финансирање на стоматолошката здравствена заштита од страна на ФЗОМ бара од надлежните институции Министерство за здравство на РМ и ФЗОМ
покачување на вредноста на капитациониот бод за матичните стоматолози во Р.Македонија кој моментално изнесува 35 денари (иницијално 45 денари).
Во последните години драстично се покачени материјалните трошоци (стоматолошки материјали, лекарства, опрема, комунални и административни трошкови), со што во моментов во прашање е доведено квалитетното пружање стоматолошки услуги за граѓаните и функционирање на стоматолошките амбуланти.
Барањето за покачување на висината на капитациониот бод е да се одржи нивото на квалитет на стоматолошка здравствена заштита за граѓаните на Р.Македонија и социјална положба на докторите на стоматологија.
Претседател на Македонско Стоматолошко Друштво - Д-р С.Апостолска
Претседател на Стоматолошко Друштво на Албанците - Д-р Џ. Ибраими
Претседател на Стоматолошко Здружение на Македонија - Д-р М.Денковски
Претседател на матични стоматолози ,,Св.Антип,, - Д-р Ѓ.Тодороски
СООПШТЕНИЕ ДО КОЛЕГИТЕ
Почитувани колеги,
За поактивно вклучување на докторите по стоматологија во Република Македонија во активностите за креирање на моделот на финансирање на стоматолошката здравствена заштита, Ве молиме вашите сугестии, размислувања и идеи за начинот на финансирање да ги доставите до Стручната служба на СКМ на маил адресата:
jasminka@stomatoloskakomora.org
Идеите треба да се однесуваат на тековниот модел или некој друг кој би се креирал за сите сегмени во стоматолошката здравствена заштита.
Целта е, врз основа на Вашите идеи сите заедно да се обидеме во периодот кој следи да го изградиме концептот на финансирање во стоматологијата во РМ и истиот да биде презентиран и прифатен од институциите на системот надлежни за финансирањето на стоматолошката заштита.
Ви благодариме.
ИНФОРМАЦИЈА ОД КОМИСИЈАТА ЗАДОЛЖЕНА ЗА ПРЕГОВОРИ СО ФЗОМ ЗА НОВИТЕ АНЕКС-ДОГОВОРИ ЗА 2012
Информации за договорите, анкес-договорите за 2012 година за примарна и за секундарна стоматолошка здравствена заштита може да ги добиете од претседателите на регионалните одбори на Стоматолошката комора
Комисијата задолжена за преговори со ФЗОМ ги разгледуваше новите Анекси на договорите за 2012 г како во примарната така и во секундарната стоматолошка здравствена заштита. Од страна на Фондот беа дадени предлог измени на одредени членови на постоечките договори.
На овие предлог промени Комисијата за преговори даде свое мислење со што одредени промени кои беа во наш интерес ги прифати додека за одреден број не даде согласност давајќи свое образложение.
Прифатени се промените на членовите 4 став 8, член 7 став 1 член 8 став 1, член 14 нов став , член 23 точки 6 и 13, член 24 став 1 точка 6 и 13, член 24 став 1 точка 11 и член 30 став 1.
Не се прифатени член 25 нова точка 9, а за член 11 новите ставови се останати но се без задолжување.
Исто така не се согласивме и баравме да се бришат во член 12 став 12, 15, и 16, член 23 став 11, и член 24 став 3 и 11.Фондот го одби нашето барање.
Во кратки црти ги известуваме членовите на Комората што е договорено и што остана неприфатено од нашите укажувања од страна на ФЗОМ.
Најголема придобивка е промената на членот 7 став 1. Со промената сега Фондот ќе исплаќа 100 % од сумата за капитација на месечно ниво, наместо како досега 80% и по три месеци 20 % за цели.
Исто така, целите ќе се контролираат после четвртото тромесечие, еднаш годишно.
Во членот 23 точките 6 и 13 се бришат затоа што овие обврски не важат во стоматологијата.
Во секундарната стоматологија договорено е да се врши квартално усогласување на остварувањето на обврските. Исто е договорено Фондот да ги проверува упатите од матичните стоматолози пред да ги заверува за да се избегнат компликации во однос на неажурирани пријави или одјави што доведува до финансиски компликации.